Facebook  одлучи да го промени начинот на собирање на податоци и прикажување на адаптирани реклами, но не на очекуваниот начин.

Имено, компанијата изјави дека огласувачите сега ќе можат да ги презентираат своите реклами врз база на примерокот од користењето на социјалната мрежа од сите членови на едно семејство.

Иницијалната идеја за вакво решение е дека односите меѓу членовите на едно семејство нудат корисни информаци при купувањето на определен производ.

На пример, со оглед  дека најчесто семејството оди на заеднички патувања, прикажувањето на реклами за патувања може значително да влијае врз нивната заедничка одлука при изборот на дестинација. Освен тоа, родителите можат да видат и предлози за подароци на своите деца за родендените или празниците, и слично.

За огласувачите, Facebook и некои „засегнати“ страни, ова може да биде навистина корисна информација, но за лицата кои не сакаат компаниите да поседуваат нивни  податоци за личните преференции и не баш.

За среќа, постои и можност за исклучување на оваа нова можност. Сè што треба да се направи е да се исклучи опцијата за огласување во графата за регулирање на приватноста што ја нуди Facebook.