Една од најразвиените европски земји со голема свест за животната средина, Норвешка, има неверојатен процент на рециклирање на пластичните шишиња. Во земјата се рециклираат дури 96% од пластичните шишиња. Норвежаните плаќаат повисока цена за пластичните шишиња – за малите шишиња се плаќаат 13 центи плус, додека за големите 31 цент.

Како што пишува Светскиот економски форум, тие пари им се враќаат назад кога ќе ги рециклираат шишињата. Понекогаш наместо пари добиваат ваучери, а може и да ги донираат за некоја добротворна цел. Норвешка е светски лидер по рециклирањето пластични шишиња. За споредба, САД рециклира само 31% од пластичните шишиња.

Во Норвешка има и „обратни автомати“ каде што наместо да ставате пари за да добиете пијалак вие ставите празно пластично шише и автоматот ви ги враќа парите или ви дава некаков ваучер.

Извор: Иновативност