Како да ги активирате скриените опции на iPhone?

Без разлика на тоа колку долго ги користите паметните телефони на Apple, постои можност дека не ги знаете скриените опции кои ги нуди iPhone.

Постојат одредени опции кои ви ги нуди вашиот iPhone, а за кои веројатно не знаете дека постојат – а кои вам би можеле навистина добро да ви дојдат во секјодневието.

За да ги активирате скриените опции – потребно е само да ги знаете „тајните шифри“ кои ќе ги стартуваат, но и да ги деактивирате кога нема да ви бидат потребни.

Точно прикажување на сигналот

Ако сакате да знаете колку е точно вашиот мобилен сигнал во одреден момент, потребно е да го внесете следниот код – *3001#12345#* – а потоа да клинкете на копчето за повик. Потоа држете го копчето за исклучување додека на телефонот не се појави “slide to power off” и тогаш притиснете го копчето “Home”.

Кога ќе направите се како што треба – наместо линии јачината на сигналот ќе биде прикажана во бројки. Бројот -50 значи дека имате совршен сигнал, додека -120 е знак дека имате лош сигнал на телефонот.

Скријте го вашиот број кога повикувате

Доколку сакате да спречите вашиот број да се гледа на екранот на телефонот на лицето кое го барате потребно е да го внесете кодот #31#. На тој начин ќе го блокирате прикажувањето на вашиот телефонски број на секој кого ќе го повикате.

Постои можност да го прикриете вашиот број кога повикувате само одреден број на луѓе, а тогаш е потребно да го внесете кодот #31# пред бројот на лицето кое го повикувате.

Ако сакате да ја деактивирате оваа опција тогаш треба да го искористите истиот код #31#.

Опција за автоматско префрлање на повикот на говорна пошта

На Ајфонот постои опција дојдовните повици автоматски да ги проследите на говорна пошта, а за тоа ви е потребен следниот код – *#21# кој ќе го повикате ако сакате повиците кои следат да се проследат на говорната пошта.

Немојте да заборавите да ја деактивирате оваа опција, тогаш кога веќе нема да ви биде потребна.

Извор: Edukacija.rs

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen + seven =