Oppo Reno серијата обично се ажурира два пати годишно, што значи дека нов член е на хоризонтот. Историјата ни укажува дека Reno7 серијата ќе пристигне некаде помеѓу ноември и декември, а новата сертификација на Reno7 Pro уредите сугерира дека тоа речиси сигурно би требало да се случи токму во тој период.

Самата 3C сертификација не дава никакви информации за датумот на излегувањето, туку само потврдува го потврдува брзото полнење SuperVOOC 2.0 од 65 W, што е дадено за Oppo телефоните од средниот и премиум опсег веќе неколку генерации.

Претходните гласини сигерираа дека смартфонот повторно ќе работи на Dimensity 1200 чипсет, иако меѓународната верзија на Reno6 Pro доаѓаше со Snapdragon 870.  Во секој случај, веќе имаме опсежни протекувања претходно овој месец, така што знаеме што да очекуваме и од Pro, и од стандардниот модел.