YouTube неодамна на корисниците им претстави нова насловна страница и има многумина на кои не им одговара, бидејќи искуството е битно променето.

Новите функции и новиот дизајн се секако се важни за некој производ да ја одржи свежината, а промените се најскорисни кога искуството е поедноставено. Многумина, сепак, истакнуваат дека најновата YouTube промена негативно влијае на пребарувањето на содржините, бидејќи категориите претходно биле разбиени во повеќе секции со кои полесно се управувало, за во рамките на новата насовна страница да се загубат и да се стопат во голема група препорачани видео содржини. Меѓу препораките сега се појавуваат и содржини постари од 10 години, што на корисниците им го отежнува пронаоѓањето на најнови теми и креатори.

YouTube homepage е најзначаен кога станува збор за краторите, бидејќи претходно им овозможуваше да привлечат нови корисници. Тоа сега се промени, бидејќи новите видеа се губат во многуте други, постари содржини. Константните промени така го загрозуваат успехот на оваа платформа, а YouTube по повод тоа објасни дека се уште работи на нова насловна страница, и дека новите видео содржини наскоро повторно би требало да се најдат на врвот.