Во Instagram моментно тестираат неколку нови опции што наскоро би можеле да станат достапни и во конечната верзија на оваа социјална мрежа.

Од преземањето на Instagram, Facebook константно пробува да ја унапреди оваа социјална мрежа со нови опции што овозможуваат уште подобро корисничко искуство и поттикнуваат на дополнително делење на содржини.

Инженерите на оваа компанија наскоро тестираат неколку нови опции што би требало наскоро да бидат достапни на Instagram, a за кои опции се работи објавија на The Next Web.

Една од најинтересните нови опции е можноста за едноставно споделување на содржини до други корисници – Instagram така ќе ја добие „regram” опцијата која како ретвит и опцијата „сподели” на Facebook овозможува делење на објавите на оваа мрежа со само еден допир на екранот. Моментно корисниците мораат да ги снимат фотографиите од Instagram на својот телефон и потоа да ги објават од својот профил, односно мораат да користат некои дополнителни апликации како Regram, за едноставно да ја споделат содржината.

Уште една потенцијална опција која наскоро би можела да биде достапна е можноста за корисење на GIF-ови во објавите и во опцијата Stories, а на TNW не се баш задоволни со начинот на кој GIF-овите изгледаат во тестната верзија. Што се однесува до пробната верзија на Instagram, таа е моментно достапна само на корисниците на Android, а според информациите што ги добија на The Next Web, наскоро тестната верзија би можела да им биде достапна и на сопствениците на телефоните на Apple.

Instagram ја тестира и опцијата за создавање архива на објавените Stories – приказните кои исчезнуваат по 24 часа на тој начин би останале сместени во самата апликација, но се чини дека би би им биле достапни само на корисниците кои ги објавиле тие приказни и веројатно нема да бидат достапни на timeline како останатите фотографии и видеа.

Извор: The Next Web