Компанијата Google ќе донира повеќе од 800 милиони долари за поддршка на компаниите, организациите и здравствените работници како дел од своето учество во борбата против коронавирусот. Повеќето од овие пари ќе бидат во форма на бесплатно рекламирање.

Google соопшти дека Светската здравствена организација и глобалните владини агенции ќе обезбедат вкупно 250 милиони долари грантови за рекламирање, што е речиси десет пати повеќе во однос на она што било најавено пред неколку недели. Ова треба да послужи за споделување информации како да се борите против ширењето на вирусот, се вели во соопштението на технолошката компанија.

Дополнителни 340 милиони долари рекламни кредити ќе бидат наменети за мали и средни претпријатија чии сметки биле активни во претходната година, а уште 20 милиони долари кои ќе припаднат на помошните фондови и малите претпријатија. Google вложува многу напори, како технички така и финансиски, во борбата против коронавирусот. Apple од друга страна, објави веб-страница и iOS апликација за скрининг на симптомите на коронавирусот, а се тоа после донирање на 10 милиони маски за здравствените работници ширум Европа и Соединетите Американски Држави.

Коронавирусот досега однесе над 37.000 животи, а заболеа над 780.000 луѓе ширум светот. Откажани се сите големи настани како MWC Barcelona 2020, продажбата на техника и мобилни телефони драстично падна, така што цел ИТ сектор западна во одредена криза. Најголемите светски компании досега добро се држат и од нив најмногу се очекува помош.

Извор: PC Press.rs