На почетокот на овој месец дознавме дека Samsung подготвува Burgundy Red Galaxy S8 телефон. Смартфонот од денеска е достапен во Јужна Кореја, а наскоро би можел постепено да се појавува и на другите пазари.

Досегашните рендери и промотивни видео клипови покажуваат дека телефонот изгледа преубаво, а сега и нови фотографии потврдуваат дека телефонот ништо полошо не изгледа ни во живо.

GalaxyS8_002_Back_Burgundy2.jpg

Задната страна на телефонот што ја карактеризира голем отсјај, сугерира дека Burgundy Red Galaxy S8 дефинитвно нема да биде здодевен за гледање. Исто така, од предната страна се присутни црни рамки, кои одлично се сложуваат со црвената боја на телефонот.

Извор: PhoneArena