Безжичните гејмерски глувчиња се анатема на професионалните гејмери и тоа со добра причина – кога сте толку вешти, дури и еден мал lag може да ве извади од такт. Но Logitech, сепак смета дека може да ги исполни соништата на гејмерите. Компанијата стартува бежична верзија на глувчето G Pro кое беше наменето за и изработено со помош на гејмери.

Продуктот се базира на добро познатата Lightspeed технологија за речиси нула заостанување и поддржува PowerPlay безжично полнење, но исто така доаѓа и со надграден 16.000DPI сензор и тежина од 80 грама што го олеснува движењето со глушецот во екот на турнирот.

Се разбира, опцијата за индивидуализирање е повторно тука, така што можете да ги менувате копчињата од левата и десната страна, ако сте левичар, и можете да го нагодите RGB осветлувањето за да го координирате со вашиот тим или вашата останата опрема. Кога ќе треба да го приклучите, има кабел со ниско ниво на триење кој воопшто нема да ви смета.

G Pro Wireless Gaming Mouse нема да биде само тривијална зделка кога ќе се појави подоцна во август за 150 долари, а тоа е речиси пред изборниот PowerPlay систем да биде пуштен во употреба. Секако, доколку ви се допаѓаат одличните карактеристики на ова глувче, но не сте по Wireless технологијата, Logitech има решение. Компанијата исто така воведува надграден G Pro глушец без Wireless технологија, кој ги вклучува и двете надградби 16.000DPI сензор и кабелот со ниско ниво на триење, за подостапна цена од 70 долари.