Новата верзија на WhatsApp 2.17.81 за iOS претставува нов додаток кој ќе ви дозволи да гледате YouTube видеа во рамки на апликацијата и кои нема да се прекинуваат кога ќе отворите прозорец за четување.

„Кога ќе добиете линк за YouTube видео сега можете да го гледате во рамки на апликацијата. Видеото можете да го гледате и додека сте во друг прозорец за чет”, се наведува во описот на новиот додаток.

Исто така, WhatsApp ќе овозможи опција за hands-free снимање на гласовни пораки!

„Сакате лесно да снимите долга гласовнма порака? Додека ја снимате пораката само повлечете нагоре и заклучете го снимањето и не морате повеќе да го држите прстот”, се наведува во соопштението.

Признате, ова е најдобар апдејт досега!