Samsung  креира  безжични  слушалки  слични на AirPods слушалките на Apple,  што  ќе  работат  преку гласовниот асистент Bixby. Слушалките  би  можеле  да  се  појават  уште  наредниот  месец  во  комплет  со Galaxy Note  8.

Слушалките  ќе  имаат  опција  за  “noise­canceling”  технологија (намалување на шумовите и звукот од надворешната средина).

Bixby  се  уште  не  е  целосно  изработен,  а  лансирањето  на  слушалките  нема воопшто да ги подобри работите.

Samsung мора прво да ги среди проблемите на Bixby што ги има во разбирањето на англискиот јазик.