Одговорните во Google на своите корисници им препорачуваат колку е можно побрзо да ја инсталираат најновата верзија на Chrome, укажувајќи на постоењето на zero-day ранливоста, за која истакнуваат дека хакерите активно ја експлоатираат.

Според тврдењата на инженерот за безбедност на Chrome, Јустин Шух, тоа што новиот проблем го прави поинаков од претходните (кои воглавно целеле на Flash) е тоа што браузерот мора да се рестартира за да поправката би имала ефект.

Доколку вашиот Chrome има стабилен канал, со најновото ажурирање би требало да се инсталира верзијата 72.0.3626.121 со исправката.

Од Google исто така ги предупредиле корисниците дека хакерите користат и бубачки за дуги напади, со кои целат на оперативниот систем Windows.

Судејќи според објавата, ова би можело да влијае само на оние кои користат Windows 732 системи, па со тоа на корисниците им се препорачува надоградба на новата верзија на оперативниот систем.