OnePlus 5 со двојна камера и 6 GB RAM

OnePlus 5 ќе го задржи 5,5-инчниот екран со Full HD резолуција и би требало да содржи батерија со капацитет од 3600 mAh (заедно со подобрување од 25 проценти во брзината на полнење на батеријата).

Новата генерација на таканаречениот убиец на најпознатите светски смартфони, OnePlus 5, на пазарот треба да се појави ова лето. Иако нема официјални информации за неговите карактеристики, на Интернет се појавија некои гласини, што потекнуваат од микроблогинг платформата Weibo. Пред се, се споменува двојна 16-мегапикселна задна камера во вертикална положба, за разлика од претходните шпекулации во кои се споменуваше двојна задна камера во хоризонтална положба.

OnePlus 5 ќе го задржи 5,5-инчниот екран со Full HD резолуција и би требало да содржи батерија со капацитет од 3600 mAh (заедно со подобрување од 25 проценти во брзината на полнење на батеријата).

Тука е и чипот Snapdragon 835 на Qualcomm, 6 GB RAM и можност за интерна меморија од 128 GB (претходните гласини наведуваа 8 GB RAM и 256 GB интерна меморија). Сензорот за читање отисоци, како и досега ќе се наоѓа од предната страна на уредот, а достапен ќе биде и во последно време се поретко видениот 3,5-милиметарски приклучок за слушалки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 3 =