Благодарение на информациите кои OnLeaks ги доби за претстојниот премиум смартфон LG V30 од неговите шематски прикази е изработен првиот видео рендер кој досега најблиску покажува како ќе изгледа овој супер уред.

LG V30 ќе има FullVision дисплеј со целосна искористеност на предната површина со минимална рамка и сразмер од 18:9 со големина од 6 инчи, додека пак на задната страна ќе има место за две главни камери.

LG V30 треба да стигне кон крајот на август, речиси во исто време како и Galaxy Note 8 кој ќе му биде огромен конкурент во фаблет категоријата.

Се очекува дека LG V30 ќе биде претставен на 31. август, ден пред почетокот на Саемот IFA 2017 во Берлин.