Русија и САД постигнаа договор и заеднички ќе градат нова вселенска станица наречена Deep Space Gateway во орбитата на Месечината. Информацијата ја потврди руската вселенска агенција Роскосмос.

„Роскосмос и НАСА се договорија за заеднички проект за изградба на нова вселенска станица Deep Space International Gateway во орбитата на Месечината.“, изјави шефот на Роскосмос, Игор Комаров.

Првиот модули може да бидат подготвени во периодот помеѓу 2024 и 2026. Во првата фаза на проектот ќе се направи орбиталниот дел од станицата, а потоа оваа технологија ќе може да се користи на површината на Месечината, а можеби и на Марс. Проектот е отворен и за други земји кои би сакале да се приклучат. Меѓу земјите кои покажаа интерес за сега се Кина, Индија, Бразил и Јужна Африка.

Рускиот дел од проектот може да биде развој на три модули дизајнирани за станицата, како и работа на систем кој ќе им овозможи на модулите прифаќање или поврзување нсо различни видови на вселенски летала.

Оваа најава доаѓа во време на високи тензии меѓу Москва и Вашингтон, како и ставовите на двете земји во врска со Сирија и Северна Кореја. Сепак, кога станува збор за заеднички мисии во вселената и посети на Меѓународната вселенска станица, Вашингтон и Москва одлично се разбираат.

Извор: Klix.ba