Во средината на октомври минатата година, Renault претстави нов електричен концепт автомобил наречен Megane eVision. Како што беше најавено тогаш, станува збор за студија која го најавува идниот сериски модел на Megane E-Tech Electric. Во меѓувреме, францускиот производител неколку пати објави тизер-слики со најава за Megane E-Tech Electric (во форма на повишен хечбек), вклучувајќи ги и оние што меѓу другото откриваат централен екран на допир и дигитален дисплеј со информации

Со оглед на тоа дека официјалната премиера ќе се случи за неколку дена (на салонот во Минхен), Renault објави нов сет на најавни фотографии.

Во соопштението се посочува дека ентериерот се карактеризира со најнапредна технологија и врвни екрани, како и освежени линии, простор и материјали во согласност со новата ера на автомобилската индустрија. Покрај тоа, ентериерот нуди повеќе простор благодарение на поголемиот број прегради за дополнителна удобност и практичност.

Megane E-Tech Electric се базира на модуларна платформа CMF-EV развиена за електрични возила од француско-јапонската алијанса, а станува збор за компактно возило со кое Французите ќе се натпреваруваат со електричниот модел на Volkswagen, моделот ID.3. Toa eлектричниот Megane го најавува и со неговите димензии, бидејќи должината на серискиот модел ќе остане на ниво на концептот (должина 4.210 mm, ширина 1.800 mm, висина 1.505 mm, меѓуоскино растојание 2.700 mm).

Се очекува електромотор со 217 КС и 300 Nm, батерии од 60 kWh, погон на предните тркала и автономија од околу 450 километри. Забрзувањето од 0 до 100 km/h е најавено дека ќе трае помалку од 8 секунди.

Исто така, можно е подоцна да се појави верзија со батерии со поголем капацитет и поголема автономија, како и варијанта со два електрични мотори и погон на сите тркала.

Производството треба да се одвива во фабриката на Renault во Дуаи во Франција, заедно со електричниот Renault 5 koj беше претставен уште порано.

Извор: Додај Гас