Нема веќе да имате можност да „шпионирате“ други луѓе на Facebook без нивно знаење. На вашиот профил ќе пишува кога последен пат сте биле активни.

Слична работа имаше некогаш на популарниот MySpace каде што покрај профилната фотографија од корисникот, со ситна ознака се известуваа другите дека корисниот е онлајн, а сега овој принцип го презема и Facebook.

Дека Facebook веќе ја тестира оваа новина, забележа и порталот Mashable кој открива дека и кога не сте активни, ќе стои забелешка пред колку време сте биле онлајн на мрежата.

Досега овој „онлајн-статус“ беше видлив само на Facebook Messenger, но сега сите ваши пријатели секогаш ќе имаат можност да знаат кога сте присутни на оваа социјална мрежа.

За среќа, таа можност нема да ја имаат лица што не се во кругот на вашите пријатели.