Американскиот производител на ракети и сателити SpaceX, лансираше уште 60 сателити во вселената, кои се дел од интернет сателитската мрежа Starlink, јавува агенцијата Anadolu.
Сателитите се од базата Cape Canaveral, во сојузната американска држава Флорида, лансирани со помош на ракетата Falcon 9. SpaceX претходно објави пет лансирања по 60 сателити.
Компанијата сега е најголем приватен оператор за сателити, а успеаа да го задржат темпото на лансирање и покрај глобалната корона криза.
За да може да ги обезбеди своите услуги низ целиот свет, SpaceX има намера сателитите Starlink да формираат мрежа од најмалку 12.000 сателити. Проектот би требало да биде завршен во 2027 година.
Напорите кои ги вложува SpaceX со испраќање сателити во вселената би требало да овозможат достапност до интернет на значителен дел од светската полулација која сè уште не е онлајн, особено во руралните области, а истовремено остатокот од населението кое не е задоволно од своите даватели на интернет услуги понудиле конкретна алтернатива.
Секој сателит тежок е околу 200 килограми, а со оглед дека се поставени во ниската орбита, на околу 2.000 километри од Земјата, можните застои или прекини во интернет врските се сведени на најмала можна мерка.
SpaceX планира да почне да пружа Starlink интернет услуги оваа година на корисниците во САД и Канада.