За две години не чека уште поголема пандемија, вели руската научничка Марија Воронкова, пишува „Риа.ру“. Воронкова е учесничка на конференцијата на Обединетите Нации за добробит на животните и биодиверзитетите.

Таа вели дека стратегијата за опстанок на луѓето води кон уништување на природните живеалишта и потребна промена на истата ако сакаме да се спасиме себе си и планетата за да ги избегнеме во иднина пандемиите.

„Според виролозите, ако човештвото во своето соочување со „Ковид-19“ како вид не ја промени стратегијата на живеење и преживување, за две години ќе се соочи со друга пандемија. Постојат многу вируси и тие се нови за луѓето, а кога вирусот или паразитот е нов, обично е опасен и смртоносен за човекот. Ако не ја редефинираме нашата стратегија како вид, пандемијата ќе продолжи. По оваа пандемија, мораме да сватиме како ќе го одржување и како ќе влијаеме на своето опкружување“, вели Воронкова, пишува „Риа Новости“.

Воронкова вели дека човекот има огромно влијание на сите екосистеми.

„Шумските алги кои се место за живеење за голем број на морски видови и риби, почнуваат да исчезнуваат. Најверојатно причината за тоа е водата, која како одминува времето станува сè потопла и тоа ќе продолжи во иднина. Риболовот во длабоките мориња активно се развива, рибите постојано се ловат, а суштествата кои живеат во длабочините на океаните се пред уништување“, објаснува таа.

Воронкова приметила дека голем број лежишта од ретки метали одамна се откриени на океанското дно.

„Постојат лежишта на кобалт, манган и други метали, кои се користат за производство на мобилни телефони и електронски уреди и оваа година би требало да се издаваат дозволи за експлоатација на поедини локации“, вели Воронкова.

Извор: Kurir.rs