Компанијата Huawei го претстави новиот паметен теелвизор Vision Smart TV X65. Тоа е првиот OLED телевизор на кинеската компанија, се базира на 65-инчен 4K OLED панел со многу тенки рамки, а самиот телевизор има дебелина од само 24,9 милиметри.
Го содржи и новиот HiSilicon Honghu 898 high-end чип дизајниран специфично дизајниран за OLED телевизори. Процесорот користи сензори со помош на кои е можно да се регулира бојата и брзината на освежување, а се истакнува и способноста за прилагодување на сликата на екранот според условите во околината.
Тука е и германскиот TÜV Rheinland сертификат, кој е прв таков за уредите со таква големина. Телевизорот се истакнува и според вградената 24-мегапикселна ултраширока AI камера, која е опремена со двојниот HiSilicon NPU чип и по поддршката за Air Gesture функционалноста.
За звучните ефекти се грижат 14 вградени звучници со 5.1 поддршка и 3D паметен звук, кој е можно да се прилагоди на условите во просторијата.
Цената на овој телевизор изнесува 3522 американски долари, но засега нема информации кога би требало да се појави на пазарот.