И покрај фактот дека популарноста на таблет уредите значително опадна во споредба со времето пред неколку години, Lenovo примени повеќенаменска стратегија на своите таблет компјутери со Android со цел да предизвика поголем интерес кај корисниците. На тој начин, различните Yoga модели можат да се интегрираат во Alexa smart системот, додека другите имаат Google assistant и можат да послужат како дигитална рамка за слики со цел интеграција со Google Photos сервисот итн.

Најновиот Yoga модел, кој неодамна се појави на кинескиот пазар, располага со HDMI влез. Тоа секако има и гејмерски аспект на употреба, бидејќи можете да поврзете мобилна гејминг конзола како Nintendo Switch и да играте на поголем екран. Најубаво од се е што и натаму сте мобилни, бидејќи својот таблет и гејминг конзола можете да го понесете каде и да одите.

Тоа е само еден вид на дополнителната употреба на овој таблет со повеќе можни намени. Можете да го поврзете и со лаптоп компјутер како дополнителен екран за приказ на содржини. Потоа може да се поврзе со помош на пратечката апликација на Microsoft Xbox гејминг стриминг сервисот, пружајќи ви моменти на разонода со најдобрите игри на Xbox платформата.