Дел од европските телекомуникациски оператори вчера пријавија проблеми со мрежата откако милиони луѓе работат од дома поради пандемијата со новиот коронавирс, поради што е зголемено користењето на сообраќајот со податци за 30 проценти.
Британскиот „О2″, во сопственост на шпанската фирма „Телефоника”, соопшти дека некои корисници имале потешкотии со говорните услуги откако почна работењето од дома со цел да се избегне изложувањето на Ковид-19. Телекомуникацискиот оператор „О2″ набрзо објави дека гласовните услуги на мрежите 2Г, 3Г и 4Г се враќаат во нормала и им се извини на корисниците.
Италија, Шпанија и Австрија воведоа строг карантин, а во Германија се затворени училиштата и рестораните, поради што големиот број граѓани се пријавени на интернет од дома, користат сопствен ВиФи за повици со колегите, пријателите и роднините, а тоа ја зголемува потрошувачката на податоци по пат на фиксните мрежи.
Во исто време, забележани се повеќе повици преку мобилните мрежи отколку преку апликацијата како што е „ВацАп”, бидејќи луѓето разговараат со постарите членови на семејството, кои поретко користат апликации.
Според германкиот телекомуникациски оператор „Водафон” сообраќајот со податоци е поголем навечер, кога граѓаните користат стриминг услуги.