Компанијата Blackview ги презентираше своите два нови паметни телефони – BV9500 и BV9500 Pro. И двата се произведени според стандардите за зголемена заштита IP69K и воени барања за издржливост. Тие се заштитени од прашина, продолжено потопување во вода, издржуваат високи температури и притисоци, не се оштетуваат дури и при пад од висина до 1,8 метри.

Според производителот, благодарение на енергетски ефикасниот процесор и вградената батерија од 10.000 mAh, едно полнење е доволно за траење на батеријата дури и до 9 дена. Pro верзијата може да се користи како воки-токи, што е особено корисно на местата каде има слаба мрежа.

Двата модела имаат слични технички карактеристики. Тие се опремени со 5,7- инчен IPS LCD екран со резолуција 2160х1080 пиксели (18:9), покриена со калено стакло Gorilla Glass од третата генерација. Процесорот е octa-core чипсет MediaTek MT6763T со максимална фреквенција од 2,5 GHz. Задната камера е двојна, со главен 16-мегапикселен Sony модул и помошен сензор за снимање во портрет режим.