Redmi K30 е достапен во Кина, а овие денови стигна и во Индија како Poco X2. Се очекува дека Pro варијантата на телефонот ќе пристигне веќе во текот на овој месец, а сега се појавија информации за батеријата на уредот.
Претходните гласини сугерираа дека Redmi K30 Pro ќе има IMX686 64MP сензор на камерата, а сега дојавувачот Digital Chat Station сугерира и дека телефонот ќе пристигне со 4700mAh батерија и опција со 33W брзо полнење.
Се очекува дека K30 Pro ќе претставува значајно подобрување во однос на стандардниот и 5G non-pro модел и ќе го покренува Snapdragon 865 чипсетот во комбинација со 8GB RAM.
Телефонот би требало да има исто куќиште како Redmi K30, со нешто поголема тежина, со оглед на тоа дека актуелниот модел има 4500mAh батерија и 27W punjenje преку USB-C порт.