Астронаутката на НАСА, Американката Кристина Кох е, официјално, жената која најдолго време мина во Вселената.

Капсула „Сојуз” во својата посада освен Кох, ги имаше и капетанот Лука Пармитано од Италија и Русинот Александар Скворцов. Леталото денеска слета во Казахстан во 10:12 часот по средноевропско време.

Кох сподели дека, покрај моментот кога за прв пат влегла и ја видела вселенската станица, нејзиниот омилен момент во вселената бил на првата прошетка низ вселената со Меир.

Во среда и четврток (5 и 6 февруари) НАСА ќе го емитува враќањето на Кох на Земјата. Интернет-емитувањата на НАСА ќе започнат во среда со почеток во 9 часот.  Слетувањето на Сојуз во оддалечените степи на Казахстан е закажано за четврток во 4:14 часот по полноќ.

Кох ја заврши својата прва мисија во Земјината Орбита која траеше 328 дена.