Американскиот технолошки гигант Google наскоро би можел да им овозможи на корисниците да ги снимаат телефонските разговори во рамките на Google Phone апликацијата.
Ова го откриваат тестовите на XDA Developers сајтот кои откриле дека најновата верзија на оваа апликација вклучува и код кој го покажува не само постоењето на споменатата функција, туку и како таа би можела да биде вметната во рамките на законите.
Покрај тоа, можно е во иднина да биде овозможена и транскрипција на повиците.
Како што пренесуваат од XDA Developers, Phone апликацијата ќе добие функција Record за време на било кој телефонски разговор, што значи дека разговорите ќе може да ги снимите на вашиот телефон прилично едноставно.
Со кликањето на копчето, апликацијата ќе ги извести двете страни дека разговорот се снима.
Овие функции и натаму се во фаза на тестирање и не се имплементирани. Тоа значи дека би можеле да се појават во идните верзии на Phone апликацијата, а секако постои можност и тоа да не се случи.
Извор: B92.net