Се појавија нови фотографии од LG Velvet телефонот, кои уредот го прикажуваат во живо и ни даваат подобар увид во дизајнот на Aurora Grey варијантата. Тука се и целосните спецификации, како и видео како додаток.

Телефонот го покренува Snapdragon 765 5G чипсет, а тука е и 6,8-инчниот Full HD+ OLED панел. Моделот од фотографиите има 8GB RAM и 128GB простор за складирање, со поддршка за microSD картички до 2TB. Меѓутоа, можно е дека ќе постои и повеќе од една конфигурација на меморија.

Предната камера од 16MP е сместена во засек во дисплејот, додека на задната страна се 48MP главна камера, 8MP ултраширок сензор и 5MP сензор за длабочина. Сето ова ќе го напојува батерија од 4300mAh со поддршка за безжично полнење.

Останатите карактеристики на телефонот вклучуваат IP68 сертификат за водоотпорност, AI стерео звучници, можност за снимање на ASMR видео и друго.