Google Pixel 2 е еден од најочекуваните телефони што се очекуваат во втората половина на годината. Како што претходно дознавме, Pixel 2 ќе биде прв телефон со Qualcomm Snapdragon 836 чипсетот.
Новите протечени информации откриваат уште детали за телефонот. Според наводите, Pixel 2 го креираше HTC, додека LG работи на Pixel Xl 2 моделот. Pixel 2 ќе има рамка која реагира на притискање и го носи името Active Edge. Функцијата ќе овозможи пристап до Google Assistant и другите функции со примена на различни степени на притискање на рамката на телефонот.
Исто така, откриено е дека телефонот стигнува со Android 8.0.1 оперативниот систем, ќе има 64 GB простор за складирање и ќе го отфрли 3,5 мм приклучок. Информациите за Pixel 2 телефонот се уште не се познати.