При оценувањето на уредот во предвид беа земени параметрите како перформанси, систем на камери, траење на батеријата, вештачка интелигенција, систем на полнење и дизајн.

Huawei на Mobile World Congress 2019 во Барселона освои уште една вредна награда. Huawei Mate 20 Pro го доби признанието за најдобар паметен телефон, а наградата ја врачi самиот организатор на MWC, компанијата GSM, која на споменатиот конгрес пробува да ги обедини интересите на мобилните оператори и технолошките производители ширум светот.

При оценувањето на уредот во предвид беа земени параметрите како перформанси, систем на камери, траење на батеријата, вештачка интелигенција, систем на полнење и дизајн.

“Сакаме да им се заблагодариме на организаторите на овој исклучително важен Конгерс на признанието кое му го доделија баш на нашиот смартфон. Со уредот Mate 20 Pro акцентот го ставивме на револуционерните технологии кои на корисниците им пружаат врвно и се уште невидено искуство, а освен тоа, извонредните податоци за продажбата ни говорат дека Mate 20 Pro ја освои љубовта и довербата на глобално ниво, што е знак дека и понатаму остануваме посветени на вложувањето во развојот и иновациите, истакна Кевин Хо, претседател на бизнис групата на Huawei.