Неодамна имавме прилика да дознаеме дека Huawei на 26. мај ќе ги претстави годинашните мобилни теледони од својата Nova серија. Од претходно е познато дека ќе бидат претставени барем два модела – Nova 2 i Nova 2 Plus што во склад со трендовите од задната страна ќе имаат по две камери.

Десетина дена пред почетокот на настанот накој ќе бидат претставени годинашните смартфони стигнуваат нешто подетални спецификации за помалиот модел Nova 2. За почеток да наведеме дека Nova 2 ќе биде оперемен со процесорот на компанијата HiSilicon Kirin 658 и ќе има 5,2-инчен FHD екран.

Натаму, со овој модел најмногу ќе бидат задоволно љубителите на селфи, бидејќи од предната страна ќе се наоѓа камера со резолуција од 20 мегапиксели. Задната страна на уредот е резервирана за две камери со резолуција од 12 и 8 мегапиксели и скенер за читање отисоци. Потребната енергија за работа ќе ја осигура батеријата со капацитет од 3.000 mAh.

Бидејќи уредите од серијата Nova се ориентирани кон младите корисници, Huawei се одлучи за повесели бои на куќиштето – сина, зелена, виолетова, додека на посериозните корисници им ја намени класичната црна боја. Според изворот, цената на моделот Nova 2 би требало да изнесува околу 360 долари.