Многу детали се веќе познати за новите iPad Pro модели, кои заедно со нови модели на Mac компјутери ќе бидат претставени на медиумски настан во Њујорк на 30. октомври . Од нив се очекува да имаат подобрен LCD екран без рамки, да вклучуваат USB-C влез наместо Lightning, и да имаат Face ID технологиja наместо скенерот за отпечатоци Touch ID.

Во меѓувреме, унгарскиот дизајнер Виктор Кадар објави рендери од очекуваните таблет уреди, кои ни даваат идеја што да очекуваме во однос на дизајнот. Се претпоставува дека аглите на екранот ќе бидат заоблени за да го следат дизајнот на новите модели на iPhone, а рамката околу панелот ќе биде значително намалена.

Според гласините, Apple пристапил поинаку кон двата модели од iPad Pro серијата. Во поголемиот модел, големината на екранот од 12,9-инчи ќе остане непроменет, но намалените рамки ќе доведат до значително намалени димензии на куќиштето. Кај помалиот модел, сепак, димензиите на куќиштето ќе останат отприлика исто, а дијагоналата на екранот е ќе се зголеми од 10,5 на 11 инчи.