Бил Гејтс донираше најголема сума од почетокот на овој век подарувајќи пет отсто до своето богатство во акции во Мајкрософт, јавува Блумберг.

Милијардерот на 6 јуни донирал 64 милиони акции вредни 4,6 милијарди долари, објави Американската комисија за регулирање и трговија со хартии од вредност.

Иако не е објавен примателот на донацијата, Гејтс поголемиот дел од парите ги донира на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, хуманитарната организација која ја основа со својата сопруга.

Гејтс во 1999 година донираше акции од Мајкрософт во вредност од 16 милијарди долари, а во 2000 година донираше 5,1 милијарда. Со својата сопруга од 1994 година донираа вкупно околу 35 милијарди долари во добротворни цели. Вредноста на неговото богатство се проценува на 86,1 милијарда долари.