Две недели откако беа откриени патентите поднесени од Sony за мемориски кертриџи, се појавија и дополнителни информации откако патентот беше ажуриран со нови детали. Кај новите дизајни јасно се прикажани 12-те пина преку кои кертриџот се поврзува со конзолата, како и осумте пина на чипот што веројатно служи како контролер.

Иако споменатиот патент е поднесен во бразилската канцеларија за патенти, последователно беше откриено дека тој првично е поднесен во Јапонија на 28 декември 2018 година и е одобрен на 5 август 2019 година.

ps5patent123.jpg

Она што е поинтересно од сликата е описот кој Sony го поднел со апликацијата, кој потврдува дека кертриџот е всушност мемориски простор за конзолата Playstation 5 наменет за чување податоци поврзани со игри како што се карактери, слики, анимации, звуци и програми.

Претпоставката е дека овие кертриџи се всушност SSD меморија за проширување на капацитетот на конзолата, што значи дека во основната верзија таа би била значително поевтина на пазарот.