Kомпанијата веќе ги направи првите сериозни чекори во областа на хардверот со претставувањето на паметните графички уреди Facebook Portal. Всушност тоа се мултимедијални уреди кои имаат 10″ и 15″ дисплеи, што ги прави погодни за сурфање или пак за остварување на видео повик. Можат да се ракува со гласовни команди, благодарение на поддршката на Amazon Alexa и се опремени со моќни звучници, како и со 12-мегапикселна камера во предниот дел, пишува Digital.bg

Желбата на компанијата да започне со продажба на уредите изненади доста корисници и повторно го покрена прашањето со безбедноста на личните податоци. Многумина ја гледаат можноста преку Facebook Portal да бидат прислушувани и постојано да се споделуваат информации со социјалната мрежа. И покрај ваквите коментари, од компанијата не се откажуваат од плановите да учествуваат на овој пазар. Потпретседателот на AR/VR дивизијата на компанијата, Ендрју Босворт оцени дека продажбата на Facebook Portal е “прилично добра”.