Технолошка компанија од Летонија дизајнираше нараквица што не им и дозволува на возачите да заспијат
во текот на возењето. Steer е незабележителен сè додека возачот не стане поспан, а таа состојба ја
одредуваат 16 сензори коишто ги следат отчукувањата на срцето.
Уредот ги споредува резултатите со нормалните параметри, а ако детектира дека бројот на срцеви отчукувања се намалува,
го предупредува возачот со силни вибрации и активирање на жолта светилка. Ако бројот на отчукувањата на срцето
продолжат да се намалуваат и покрај предупредувањето, Steer ќе го “разбуди“ со електричен шок,
пишува Mashable.
Креаторот на оваа нараквица Влад Ајлин вели дека уредот ќе ја спречи поспаноста на возачот и
овозможува побезбедно возење.
„Steer може да спаси илјадници животи на патиштата и да го намали бројот на сообраќајни несреќи
предизвикани од поспаност на возачите“, вели Ајлин.
Уредот е поставен на платформата за групно финансирање Kickstarter и веќе ги има собрано потребните
средства. Steer чини 100 долари, а во продажба ќе биде достапна од ноември.