Apple ја прекина поддршката за сите модели на Apple Watch објавени пред 2015 година.

Овие модели беа официјално прогласени за застарени на 30 септември и како резултат на тоа, тие повеќе нема да бидат прифатени за поправки или други услуги во продавниците на Apple и овластените сервисни центри, објави веб-страницата MacRumors.

Она што е сепак интересно во целата оваа приказна е дека меѓу застарените модели е и првиот Apple Watch Edition со куќиште од 18-каратно злато, кое во САД чинеше до 17.000 долари кога првпат излезе.

Apple Watch од полно злато е прекинат од 2016 година и беше заменет со керамичкиот Apple Watch Edition, кој беше попристапен во однос на цената.

Другите верзии на првиот модел на Apple Watch, изработени од алуминиум и нерѓосувачки челик, вклучувајќи ги и моделите Хермес, повеќе нема да може да се поправаат во официјалните сервиси. Инаку, секој производ на Apple се смета за технички застарен откако ќе поминат повеќе од седум години од крајот на официјалната дистрибуција.