Денес, слушалките станаа составен дел од „паметната“ опрема на современиот човек. Часовниците, особено оние паметните, исто така. Компанијата Samsung со години ги следи трендовите и на своите клиенти им нуди врвни уреди – од телефони до паметни часовници и слушалки. Инспирирани од современиот начин на живот и трендовите, Samsung ја создадоа новата серија на часовници Galaxy Watch5 и слушалки Galaxy Buds2 Pro.

Во компанијата Samsung не само што се грижат за квалитетот, туку и ги дизајнираат уредите на таков начин што ќе се вклопат во вашиот стил, така што новите часовници Watch5 се совршени за оние кои сакаат да ја подигнат елеганцијата на повисоко ниво, а Galaxy Buds2 Pro за оние кои очекуваат звукот да биде врвен.

Во продолжение ви ги пренесуваме причините зошто овие паметни уреди на Samsung треба да бидат ваш избор.

Galaxy Watch5

Се вели дека Samsung Galaxy Watch5 е најдобриот Android часовник што можете да го купите во моментов. Има поголема батерија во однос на минатогодишните модели, поиздржлив дизајн и нов температурен сензор. Доаѓа во големини од 40 и 44 милиметри и користи рамка чувствителна на допир која се базира на софтвер кој бара од вас да го движите прстот околу работ на екранот за навигација. Се наоѓа на врвот на самиот екран на допир, а часовникот има и две физички копчиња од страна.

Galaxy Watch5 Pro е најиздржливиот и најкомплетниот часовник на Samsung досега. Watch5 Pro, благодарение на своите премиум материјали, е подготвен за сите предизвици кои се пред него. Се одликува со подобрен кристал од сафир кој е поотпорен на абење и издржливо куќиште од титаниум што го штити екранот со испакната рамка. Galaxy Watch5 Pro доаѓа и со целосно нова спортска лента D-Buckle, која нуди издржливост со елегантен дизајн.

Часовникот е водоотпорен на длабочина од 164 стапки  до 10 минути, плус може да издржи прашина, нечистотија и песок. Исто така, го исполнува стандардот MIL-STD-810H, така што значи дека може да преживее екстремни температури и други стресни фактори на животната средина, како што се вибрации и удари.

Ако после работа сакате да го одморите мозокот и да го активирате телото со вежбање, часовниците Galaxy Watch5 се најдобриот придружник во ова. Дизајниран за секојдневни победи, Galaxy Watch5 нуди сеопфатно искуство од крај до крај што ги надминува фитнес активностите и вклучува процеси после тренинг за одмор и закрепнување. Алатката за мерење на составот на телото обезбедува целосна слика на целокупното здравје на корисникот, давајќи му приспособен пристап за поставување цели, водејќи ве преку персонализирани вежби и следење на напредокот. И кога е време за одмор, Galaxy Watch5 им обезбедува на корисниците податоци за обновување, вклучително и отчукувањата на срцето по интензивно вежбање и приспособени препораки за потрошувачка на вода врз основа на губење пот.

Galaxy Watch5 доаѓа со 13 проценти поголема батерија и обезбедува осум часа следење на спиењето за само осум минути полнење, што е 30 проценти побрзо од Galaxy Watch4. Слушајте ја омилената песна на Spotify само со глас со помош на „ Google assistant“ и лесно пронајдете го вашиот пат користејќи „ Google Maps“ од вашиот зглоб без поврзување со паметен телефон. Фановите на музика и аудио ќе ги обожуваат ажурирањата што вклучуваат нови апликации како SoundCloud и Deezer. Покрај тоа, One UI Watch4.5 нуди поцелосно искуство при пишување, полесен начин за остварување повици и мноштво нови функции за пристапност што го прават Galaxy Watch поинтуитивен.

За повеќе информации за Galaxy Watch5 и Galaxy Watch5 Pro, посетете:

https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-watch5/

Galaxy Buds2 Pro

Со Galaxy Buds2 Pro, можете да водите разговори без одвлекување на вниманието, но и да одржувате онлајн состаноци на кои треба да бидете совршено фокусирани, без страв дека ќе ве вознемири надворешен шум. Слушалките Buds2 Pro можат беспрекорно да се префрлат на аудио конекцијата на телефонот со само еден допир на прстот. Слушалките Buds2 Pro имаат автоматско префрлување, што овозможува лесна транзиција од вашето омилено ТВ-шоу на телефонски повик. Во случај да ги изгубите слушалките на пат кон работа, Smart Things Find сега го прави нивното лоцирање полесно и побрзо, без разлика дали се спакувани во или надвор од куќиштето.

Уживајте во вашата музика со супериорното Hi-Fi 24-битно аудио, кое нуди исклучителен динамички опсег за да се чувствувате поврзани со содржината што ја слушате со кристално чиста резолуција. Со новиот беспрекорен кодек на Samsung (SSC Hifi), квалитетната музика се слуша без одлагање, а новите коаксијални двонасочни слушалки го прават звукот почист од кога било. Новиот компактен, ергономски дизајн е 15 проценти помал, со цврсто вклопување дизајнирано да избегне извртување, што го прави совршен придружник за физичка активност. Прифатете ги повиците во движење со моќниот ANC за да го елиминирате шумот. Новите слушалки Galaxy Buds2 Pro им овозможуваат на корисниците да избегаат во својот свет, додека истовремено остануваат поврзани со секојдневниот живот.

За повеќе информации за Galaxy Buds2 посетете ја:

https://www.samsung.com/mk/audio-sound/galaxy-buds/galaxy-buds2-graphite-sm-r177nzkaeug/

Оваа есен искористете ги вредните подароци на Samsung:

Време е за промена! Есента е совршен момент да го извадите најдоброто од себе. Одберете го вашиот омилен телефон на преклоп и добијте вреден подарок! Со купување на Samsung Galaxy Z Flip4 5G или Samsung Galaxy Z Fold4 5G направено во промотивниот период од 12.09.2022 година до 16.10.2022 година. година, добијте право да добиете Samsung Galaxy Watch5 44 mm во графитна боја или Samsung Galaxy Watch5 40 mm во розово-златна боја. За остварување на правото на подарок, потребно е да се регистрирате преку апликацијата Samsung Members со користење на паметниот телефон купен како дел од промоцијата најдоцна до 30.10.2022 година. Со купување телефон од Galaxy S22 серијата, во текот на промотивниот период, остварувате право на подарок Galaxy Buds2 слушалки во графитна боја.

Повеќе информации за промоцијата најдете на линкот, а за дополнителни информации за уредите вклучени во промоцијата, посетете ја https://www.samsung.com/mk/.

ПР Текст