Една и пол година откога е претставена во Индија и Индонезија, полесната верзија на Google Go апликацијата за пребарување стигна и до корисниците во другите делови на светот.
Бидејќи зазема само 7 МБ, апликацијата е замислена кака алатка за пребарување на информации на интернет, а ќе може да се користи на паметните телефони од долниот сегмент. Покрај тоа што пребарувачот зазема помалку простор, ги памети и последните резултати на пребарувањето, за корисникот да може да им се врати ако изненадно остане без интернет.
Иако е дизајниран за уредите со полоши спецификации, Google Go има и неколку функции кои се креирани врз основа на потребите на растечкиот пазар. На тој начин, апликацијата минатата година ја доби Lens функцијата, која дозволува со помош на камерата да ги чита текстовите, кои се фотографираат, и тоа на глас.
Тука е и опцијата за гласовно пребарување, и онаа која им овозможува читање на интернет страници на оние корисници кои имаат потешкотии во читањето, како и било други проблеми, поради кои не се во состојба самостојно да го толкуваат текстот.
Google Go е само една од Go-апликациите, кои се креираат за потребите на пазарите во развој, па тука е и Gmail Go, кој го нуди истото искуство, но зазема помалку простор, Gallery Go која служи за организирање фотографии, а Google го нуди и Android Go – верзија на оперативниот систем за смартфони со послаб капацитет.