Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Apple да произведува производи во САД, наместо во Кина, за да ги избегне последиците од трговската војна со Пекинг, пренесува AFP.

Трамп повеќепати повикуваше различни компании да го преселат производството во САД или да го зачуваат таму, истовремено преземајќи агресивни трговски активности насочени кон намалување на трговскиот дефицит на САД.

„Цените на Apple може да се зголемат поради големите давачки кои можеме да ги наметнеме на Кина, но има лесна одлука“, прокоментира Трамп. „Правете производи во САД, наместо во Кина. Започнете со изградба на нови погони сега. Тоа е возбудливо!“

Сепак повисоките трошоци за плати во САД би можеле да ги компензираат придобивките, кои Apple може да ги добие, ако ги избегнe давачките кои влијаат на произведените во Кина производи.

Потсетуваме дека администрацијата на Доналд Трамп наметна царина за кинескиот увоз за 50 милијарди долари и подготвува дополнителни давачки до 25% на кинески стоки во вредност од 200 милијарди долари.
Американските бизниси се повеќе загрижени за царините кои ги зголемуваат цените на производите и можат да наштетат на економијата. Трамп, сепак, останува рамнодушен.