Apple и Spotify се во преговори за да овозможат нова функција во Siri. Таа ќе му овозможи на гласовниот асистент да репродуцира музика од популарната услуга, пренесува The Verge. Функцијата може да биде дел од iOS 13 и iPadOS 13.

Доколку идејата се оствари, ќе го постави Spotify на исто ниво со Apple Music, кој веќе има таква карактеристика преку Siri. Ова ќе биде и знак дека двете компании почнуваат да ги подобруваат своите односи, кои беа многу затегнати минатата година. Spotify дури поднесе и антимонополска тужба против Apple во Европската унија.

Сепак, врската сè уште не е совршена. Spotify објави на својата веб-страница дека Apple ќе и „дозволи“ на компанијата да се поврзе со Siri, но сепак „пропушта да го спомне нашето име“. Spotify забележува дека корисниците ќе мора експлицитно да дадат команда кон Siri, дека сакаат гласовниот асистент да пушта музика од конкретната услуга. Во спротивно, автоматски ќе се вклучи Apple Music.