Првите сигнали дека WhatsApp е сериозен кога е во прашање имплементацијата на picture-in-picture (слика во слика) режимот во Android уредите се појавија пред околу два месеца, кога беше објавена бета верзијата на Android апликацијата со споменатата функција.

Иако корисниците на iPhone имаа прилика да го користат PiP моодот уште од почетокот на 2018, фановите на Android мораа да чекаат на оваа функција речиси цела година. Сега најновата верзија на WhatsApp за Android овозможува гледање на YouTube видеа директно во рамките на апликацијата. Истото важи и за Facebook и Instagram видеото, кои пријателите на корисникот го делат во WhatsApp разговорите.

Кога ќе добиете видео линк во WhatsApp чет прозорецот, сега ќе имате опција да го погледнете со користење на picture-in-picture модот, без потреба од отворање на некоја екстерна апликација.