Шестгодишната Мала Борам, „Јутјуб“ сензација од Јужна Кореја, купи станбена зграда во Сеул, во предградието Гангам 3, преку фирма регистрирана на нејзините родители. Таа за зградата платила осум милиони долари.
Популарната шестгодишна интернет ѕвезда заработува три ипол милиони долари месечно од нејзините два канали на „Јутјуб“ – „Борам тјуб влог“ кој има 17,5 милиони претплатници и „Борам тјуб тој ивју“ кој има 13,6 милиони обожаватели.
Двата канали кои ги води шестогодишната Борам се наменети за деца. Влог страницата го следи нејзиниот секојдневен живот, а на другиот ги промовира играчките.
Но, не се сите воодушевени од нејзините објави на „Јутјуб“. Добротворната организација „Save the children“ пријавила некои од видео-снимките на полиција поради загриженост за нејзината безбедност. Во една објава Борам краде пари од паричникот на нејзините родители, во друга сама вози автомобил, додека во една се преправа дека се пораѓа.
Од организацијата во 2017 година поднесоа тужба тврдејќи дека нејзините родители остварувале финансиска добивка така што го принудувале детето да прави работи кои можат да ѝ нанесат ментална болка и дистрибуираат видео -содржини кои може да бидат вознемирувачки за јавноста и може негативно да влијаат на малолетните гледачи.
Судот пресудил, родителите на Борам да се упатат на обука и во советувалиште за родители кои ги злоупотребуваат децата.