Рускиот нобеловец Жорес Алферов апелира дека мора да се ограничи пристапот на Интернет поради тоа што непречениот пристап до информации ги уштетува моралните норми и менталното здравје на луѓето.

– Интернетот мора да има граници и не смее да биде достапен на сите, рече Алферов и додаде дека недостатокот од контрола и рестрикции на интернет може да влијае на однесувањето и да го оштети јавно прифатениот морал.

Неговата изјава е реакција на истражувањето кое покажува дека две третини од возрасните во Русија имаат профили на социјалните мрежи, а половина од популацијата секојдневно го ажурира својот профил. Најпопуларните мрежи во Русија се Вконтакте и Однокласники, додека на третото место е Инстаграм.