Телекомуникацискиот оператор „Проксимус“ лансира 5G Lite мрежа низ цела Белгија.

Мрежата опфаќа повеќе белгиски градови, но не и Брисел, бидејќи таа мрежа не ги исполнува строгите стандарди во областа на радијацијата пропишани од овој регион.

Претставници на градското собрание на Брисел изјавија дека стандардите во областа на радијацијата во овој град-регион се за 50 проценти построги од оние пропишани од ЕУ и Светската здравствена организација.

Мрежата 5G Lite почна со работа во градовите Бриж, Лувен, Остенд, Монс, Хаселт, Намур и Завентем кај Брисел.