По неодамнешното навестување на својата нова технологија за брзо полнење, Vivo ја претстави официјално на мобилниот конгрес на Шангај. Vivo Super FlashCharge 120W е најбрзото решение на пазарот, надминувајќи го Super VOOC на OPPO, кој работи до 50W.
За таа цел, се користи нова технологија „charge pump“, која овозможува да достигне моќност до 120W (20V / 6A). Демонстрациите на компанијата покажуваат како се полни батерија со капацитет од 4000 mAh од 0 до 50% за само 5 минути.
Полн капацитет се постигнува за импресивни 13 минути. Логично, Super FlashCharge ќе работи само со вклучен кон идните уреди адаптер и кабелот USB Type-C. Vivo го заменува колото за намалување на напонот со MCU (Micro Controller Unit) кое се вметнува во адаптерот и го спречува преоптоварувањето на уредот.
Друга технологија, системот за управување на батеријата (BMS), е одговорна за полнење на батеријата, што резултира со подолго траење на истата. Во моментов не постојат уреди кој го користи развојот.