Компанијата Samsung наскоро на пазарот ќе ги пласира своите флегшип смартфони Galaxy S10 и S10 Plus во нова боја.
На социјалните мрежи се појавија рендери на смартфоните во Cardinal црвена, односно дреч црвена боја и извесно е дека купувачите ќе можат да ги изберат Galaxy S10 и S10 Plus во оваа нијанса, но засега нема информации дали истиот третман ќе го добие и поевтиниот S10E. Кога точно ќе се појават на пазарот, засега не е познато, но тоа би требало да се случи многу брзо.
Samsung Galaxy S10 and S10+ in "Cardinal Red" coming soon.
More pics (scroll to bottom):
S10: https://t.co/1MeZIoFaME
S10+: https://t.co/Ap8KHuA1K9 pic.twitter.com/mMc46qi5pT— Roland Quandt (@rquandt) May 21, 2019
Samsung Galaxy S10 е достапен во бела, црна, зелена и сина боја, а црвената ќе стане петта нијанса. Во случајот на Galaxy S10, палетата на бои ќе се прошири на седум, благодарение на дополнителните керамички бела и црна боја.