ITHome известува дека HMD Global подготвува Nokia 5G премиум смартфон, кој ќе биде објавен во Кина на 11. ноември (11.11, односно на тн. Singles’ Day, кој е голем шопинг настан во Кина).

Споменатите информации пристигнуваат од доверлив извор – Жанг Јученг, кој е менаџер на производите на компанијата HMD во Кина. Претставник на компанијата не објави други детали за уредот.

HMD Global во претходниот период имаше големи проблеми да го објави следниот премиум телефон. Откако Nokia 9 PureView не успеа да остави позитивен впечаток на пазарот, се појавија серија гласини за 9.1 и 9.3 моделите. Меѓутоа и овие вести стивнаа, а изгледа дека HMD се откажа од оваа шема на именување на своите уреди.

Сега во оптек е X-серијата, а споменати се моделите како што се Nokia X50 и X70 од средниот сегмент. Nokia X50 би требало да има 6,5-инчен 1440p+ дисплеј со 120Hz освежување, Zeiss оптика за камери и 6000mAh батерија, додека за X70 се сугерира дека ќе има прилагоден сензор креиран во соработка со Nokia Technology.