Уредите кои ги користиме можат одвреме навреме да се прегреваат, а како резултат на ова производителите често имплементираат различни решенија во борбата против загревањето – вклучувајќи вентилатори и проводни цевки за топлина. Меѓутоа, понекогаш ни овие решенија не се доволни, што YouTube влогеот и модер JMAGG го наведе да креира свое решение.

За да се избори со проблемите на загревање, JMAGG својот PlayStation 4 Pro го модификуиваше и го опреми со прилагодено решение со водено ладење. Еден од недостатоците на водено ладените системи (дури и кога се PC уредите во прашање) е што заземаат значајно повеќе простор во споредба со вентилаторите. Од друга страна, преднсота е во тоа што на корисниците им овозможува ладење на одредени области на кои им е потребно разладување, како што се CPU или GPU.