Twitter на корисниците им овозможи додавање GIF-ови во нивните ретвитови, а корисниците во рамките на твитовите можат да вклучат и до четири фотографии и видео клипови.
Новата опција пристигнува на сите Android и iOS уреди, додека оние кои ја користат десктоп верзијата, ќе мораат уште малку да почекаат.
Додавањето содржини во туѓите твитови функционира баш онака како што се замислуваше, бидејќи корисниците ја добија опцијата “retweet with comment”, па која ќе кликнат на неа, од понудената листа можат да ја изберат саканата фотографија или GIF. Иако се работи за мала промена, креаторите истакнуваат дека дизајнот создавал големи потешкотии, и дека едвај дошло до решение кое овозможува новиот начин на ретвитување да не биде премногу за news feed – оригиналниот твит е намален, но се уште се гледа аватарот на корисникот, за предност да добие додатокот кој го дели оној кој ја ретвитува содржината.
Некои брендови веќе ја применија новата опција и покрај тоа на десктоп верзијата на платформата новата функција се уште не изгледа како што е замислено. Останува да се види дали се работи за уште еден новитет на кој брзо ќе заборавите, или пак за функција, која на Twitter комуникацијата ќе и додаде нова корисна димензија.
The wait is over ?? https://t.co/3W0witaZtg pic.twitter.com/v7J6WgRioD
— Twitter (@Twitter) May 6, 2019