HarmonyOS 2.0 е софтверска платформа на Huawei, која од јуни би требало да им стане достапна на корисниците. Платформата е веќе во финални фази на развој, а тука е и првото видео кое покажува како изгледа оперативниот систем на Huawei Mate X2 телефонот.

Корисничкиот интерфејс на прв поглед има доста сличност со Android, посебно во секторот за известувања, изгледот и дизајнот на иконите. Повлекувањето надолу, било каде на екранот, го повикува пребарувачот на телефонот, а се очекува дека за глобалните уреди ќе биде имплементиран Petal Search.

Контролниот ценнтар може да се отвори од горниот десен агол, додека известувањата со иста гестикулација можат да се покренат од спротивната страна.

Демонстрираните апликации се визија на Huawei Calendar и Notes сервисите, а изгледа дека оперативниот систем ќе има поинаков тип на виџети, кој ќе овозможи користење на гестикулации за да се обезбедат повеќе информации без отворање на апликации.